|
Програмата за млади политичари беше креирана во 2000 година кога и официјално започна соработката помеѓу НДЦ Скопје и младинските организации на политичките партии во Македонија.
Во изминатите неколку години беа организирани голем број заеднички едукативни активности со цел да се надгарадат знаењата на младите кои одлучиле во иднина професионално да се занимаваат со политика. Со програмата на НДЦ Скопје наменета за политичките партии беа опфатени 13-те најголеми политички партии во Македонија. За поуспешна соработка и координација во 2000 година беше оформен Совет на младинските организации на политичките партии во Македонија кој финкционираше во рамките на НДЦ Скопје.
Во август 2004 година Советот стана независна организација со свои тела, структура и статут, и го носеше името “Унитас“. Активностите од оваа програма беа креирани според потребите на младите политичари и преку оваа програма поминаа околу 450 малди политичари од цела Македонија. Интересот за програмата беше голем и НДЦ Скопје во соработка со Советот на млади политичари програмата ја проширија на регионално ниво односно беа реализирани заеднички активности со политички партии од регионот (Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна гора, Косово, Србија и Бугарија). Како најуспешни и корисни проекти за младите политичари беа оценети проектот “Школа за млади политичари“ и “Обуки за односи со јавноста“. За потребите на активностите од оваа програма НДЦ Скопје ангажираше еминентни професори, тренери и предавачи од Македонија, Норвешка и САД.
Програмата за поддршка на политичките партии беше поддржана од страна на Министерствата за надворешни работи на Норвешка и Холандија.
|
 | |  |
 |
|
Проекти
- Школа за млади политичари
- Обуки за менаџери на изборна кампања
- Младите политичари во година на избори“ НДЦ и НДИ (23.Фев. - 17.Март, 2002) (8 семинари)
Активности
- Летна школа - (17-24 август, 2000)
- Дијалог и анализа на конфликти 3“ (05-08 Октомври 2000)
- Справување со конфликти, медијација и преговарање (24-29 Мај 2001)
- Интеркултурно учење на младите од Југо-источна Европа (08-15 Ноември 2001)
- Дијалог семинар за млади политичари од Македонија и Србија (27 Ноем. - 01 Дек. 2001)
- Дијалог и анализа на конфликти VIII/2“ (20-23 Декември, 2001) - Крушино
- Нов балкански прирачник по историја-вредности и културни разлики“ (22-24 Март 2002) Охрид - ПАЦЕ - Софија, Бугарија
- Дијалог и анализа на конфликти - Тетово 1“ (27 и 28 Април, 2002)
- Тренинг за јавен настап на млади лидери од Југо-источна Европа“ (24-26 Мај, 2002)
- Дијалог и анализа на конфликти - Тетово 2“ (25 и 26 Јули, 2002)
- Трибина: Безбедносно-политичката ситуација и перспективата на младите во Тетово“ (02 Февруари, 2002)
- Трибина: Патот на Македонија кон интеграцијата во европскоте семејство“ во соработка со НДП (18 Март 2002) Скопје
- Трибина: Македонија меѓу очајот и надежта“ во соработка со СПМ (23 Април, 2002)
- Трибина: Младите, граѓанската идеја и кризата во македонското општество“ Младинска организација на Демократска алтернатива (20 Јуни, 2002)
- Студиско патување со младите политичари од Тетово (Вуковар-Осијек-Сараево-Бања Лука) (02-05 Јуни, 2002)
- Обука за менаџери на изборен процес“ (10-12 октомври, 2003 - Скопје)
- Комуникациски вештини“ (5-7 декември 2003, Скопје)
- Обука за менаџери на изборен процес“ (23-30 јануари 2004, Охрид)
- Обука за менаџери на изборен процес 2“ (27 февруари - 5 март 2004, Охрид)
- Регионален форум за млади политичари“ (10-15 јуни, 2004, Охрид)
- Обуки за односи со јавноста“ (7-9 декември 2007, Охрид)
| |
 |
 | |  |
|