На крајот од 2004 година НДЦ Скопје реши да започне нова програма “Дијалог и реконсилијација“ која ќе биде реализирана само во една мултиетничка општина како пилот програма. Се бараше општина со големи меѓуетнички проблеми, а целта на програмата беше промовирање на Нансен дијалогот, негова примена и доаѓање до конкретни, мерливи и видливи позитивни резултати во конкретната општина. Тимот на НДЦ Скопје ги посети општините Петровец, Чучер сандево, Теарце и Јегуновце и во истите беа направени интервјуа со градоначалниците и дел од жителите. 


НДЦ Скопје се одлучи за општина Јегуновце. 


Руралната мултиетничка општина Јегуновце во 2001 година беше зафатена со вооружениот конфликт, а во 2002 година како резултат и последица од конфликтот, меѓуетничката нетрпеливост се одрази и во образованието, конкретно во ЦОУ “Шемшово“, каде до 2002 година заедно учеа повеќе од 700 ученици македонци и албанци од 5-8 одделение. Преку политичко и медиумско манипулирање на дел од жителите од општина Јегуновце меѓуетничката нетрпеливост кулминираше од протести и блокади на дел патиштата во Македонија до можност за дестабилизација на државата. Со помош на домашните државни институции Министерството за образование и наука, Премиерот и Претседателот на Република Македонија и меѓународно посредување на амбасадорите на ОБСЕ, САД и Европската комисија во Македонија, за проблемот во ЦОУ “Шемшово“ се најде заедничко прифатливо решение - физичка поделба на учениците (македонци и албанци) по етничка основа, односно учениците македоци да го напуштат Централното основно училиште во Шемшово и истите да продолжат да учат во околните подрачни етничко македонски основни училишта. Сето ова беше голем предизвик за тимот на НДЦ Скопје и веруваше дека потребата од нивно присуство во оваа општина е голема. 


Во програмата “Дијалог и реконсилијација“ беше предвидено да бидат вклучени сите релевантни субјекти од општината (градоначалник, членовите на Советот на општината, претседателите на месните заедници, директорите на училиштата, наставниците, учениците и нивните родители) кои можат да дадат придонес во решавањето на дел од проблемите со кои се соочуваат жителите на општина Јегуновце кои се појавија како последица од вооружениот конфликт во 2001. 


Според информациите од интервјуата направени со градоначалникот, директорите на училиштата, наставниците, претседателите на месните заедници и родителите на учениците од 5-8 одделение, како нај приоритетни проблеми со кои се соочуваат во општина Јегуновце беа истакнати: постоењето на високи меѓуетничките тензии и нарушени односи, поделеноста на учениците по етничка основа и лошите технички и ифраструктурни услови во образованието, инфраструктурни проблеми (немање на чиста вода за пиење и канализација, лоши патишта) постоење на страв за слободно на движење, невработеноста...    


Фокусот на активностите од програмата беше ставен на:


- образованието и 


- локалната самоуправа




- Проекти и активности во образованието


Во активностите наменети за подобрување на образованието во општина Јегуновце беа вклучени родители на ученици кои учат во Централното основно училиште во с. Шемшово и околните села, наставниците во училиштата и самите ученици.


Од 2005 година до денес во општина Јегуновце се реализирани следните проекти:


- Истражување “меѓуетничката поделеност на општина Јегуновце“ 12 фокус групи (сними извештај во pdf. 655Kb - англиска верзија)


- Дијалог семинари за родители и наставници


- Курсеви и кабинети


- Изработка на стратешки план за унапредување на образованието


- Забавен училишен спорт


- Реконструкција на училишта


Пријателски библиотеки за сите


- Совет на родители


- Школска медијација


Интегрирано двојазично основно училиште



Проекти и активности со локалната самоуправа


- Дијалог семинари со градоначалникот, членовите на Советот на општина Јегуновце и претседателите на месните заедници 


Во соработка со Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка и други организации НДЦ Скопје помогна да се имплементираат следните проекти:


- Во соработка со општина Лилехамер, Норвешка - Форум на тема: “Перспективите на нашата заедница - општина Јегуновце“.


- Норвешки компир


- Нова амбуланта во општина Јегуновце


- ЈКП и чиста вода за пиење во дел од селата во општина Јегуновце