
|
Во 2000-та година фокусот на активностите на НДЦ Скопје главно беше насочен кон студенти, млади политичари, претставници на невладини организации и ученици од основните училишта од Македонија. Во 2001 година активностите беа проширени и на регионално ниво, и беа организирани семинари и форуми со млади лидери и политичари од Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска. Освен студентите, младите лидери и политичари, со активностите на НДЦ Скопје беа опфатени и дел од новинарите во Македонија. По завршувањето на конфликтот во Македонија и потпишувањето на Рамковниот мировен договор во 2001 година, НДЦ Скопје своите активности ги насочи кон промовирање на рамковниот мировен договор и продолжи да работи со млади кои живеат во местата зафатени со конфликтот. Во соработка со ОБСЕ беа организирани неколку дијалог сесии со младинци од Тетово, исто така беа интезивирани трибините со младите политичари како на локално така и на регионално ниво. Во 2003 и 2004 година фокусот на активностите беше ставен на зајакнување на капацитетите на политичките партии односно на младинските организации на политичките партии. Беа организирани 4 “Школи за млади политичари“ на кои учество земаа 85 млади политичари, а како предавачи на школите беа еминентни професори од Македонија и странство како и дел од лидерите на политичките партии во Македонија. Во 2005 година после донесувањето на законот за територијална поделба на локалните самоуправи, НДЦ Скопје започна со имплементација на нова програма “Програма за поддршка на локална самоуправа“, програма која имаше за цел да делува на полето на реконсилијација во една општина која беше зафатена со вооружениот конфликт во 2001 година. Програмата со реализација продолжи во 2006, 2007, 2008 и 2009 година. За потребите на активностите, НДЦ Скопје користи ресурси (професори, тренери, фацилитатори...) од Нансен академијата - Лилехамер, Норвешка, вработени во НДЦ Скопје, како и други локални и странски ресурси. |
|
|
Млади политичари |















